You can enable/disable right clicking from Theme Options and customize this message too.

За дружината

  • 1986

    Традицијата започната

    Отворена првата метална работилница во Кичево.

  • 2016

    Нов бренд DMAKER

    Нашата дружина почна да ги заварува првите метални креации.

Развој на дружината

Инспирирани од нашите претходни генерации кои пред повеќе од 30 години започнаа да творат со металот како дел од нивното секојдневие, нашата дружина одлучи да ја продолжи истата традицијата поткрепена со креативни естетски решенија.

Кога во 2016 година тргнавме со идејата да ја продолжиме традицијата, нашата визија беше да станеме композитори на модерен метален интериер. Тогаш бевме свесни дека сите сме заситени со железо во крвта, но немаме доволно метал во просторот. Затоа ги засукавме ракавите и се посветивме секој простор да добие свое уникатно метално парче.

Затоа, денес нашата дружина на метални творци е тука да го трансформира секој ентериер и да внесе доволно метал во твојот простор. Нашата дружина ги креира и изработува твоите метални желби, а на тебе останува да не контактираш и заедно да креираме уникатно метално решение.

Затоа ајде заедно да ја ЗАВАРИМЕ твојата фантазија со метална естетска вредност.